Поранешниот командант на турските копнени сили генералот Ердал Чејланоглу е притворен и чека судење, како и уште деветмина генерали поради улогата, која ја имале во воената интервенција пред 16 години.
Постојат сомневања дека Чејланоглу го наредил излегувањето на тенковите на улиците.
Истрагата за соборувањето на поранешниот премиер Неџметин Ербакан е дел од пошироката судска истрага за некогашната супериорна улога на турската војска, чија моќ е драстично намалена во изминатите десет години.
Со политичките реформи, спроведени во 2010 година укинат е имунитетот на предводниците на државните удари, со што на обвинителите им е отворен патот за сериозно преиспитување на турската историја.
Иако претходно тоа беше незамисливо во септември повеќе од 300 генерали добија затворски казни поради ковање заговори за соборување на премиерот Реџеп Таип Ердоган во 2003 година.
Освен тоа покренати се судски процеси и против околу 300 други лица, вклучувајќи и политичари, новинари и офицери во пензија, поради организирање на политичко насилство.