Продуцент и водител на локална радио-станица во градот Сан Педро де Макорис во Доминиканската Република, биле застрелани вчера, додека програмата одела во живо.
Како што јави БТА, три лица веќе се притворени, но се уште нема информација за можни обвиненија. Засега не се познати ни мотивите за убиствата, соопштува локалната полиција.
Жртвите се Луис Мануел Медина (водител и бејзбол коментатор) и Лео Мартинес (продуцент и директор на радио-станицата УКВ).