Во Јужна Кореа бројот на случаи на коронавирус поврзани со инфекција од кластерите на ноќните клубови во Сеул се зголеми на 225.
Од нив, 96 случаи се верува дека се заразиле во текот на посетата на клубовите, а за 129 се верува дека се заразени со близок контакт со потврдените случаи.
Новите случаи на коронавирус во Сеул се појавија на 9 мај и веднаш го уклучија алармот, со оглед дека Јужна Кореа само што почна со олеснување на рестриктивните мерки и отворање на фирмите, односно по ставање на вирусот под контрола.
Власта брзо утврди дека новиот бран на зараза е концентриран во квартот за забава во Сеул, познат по баровите и ноќните клубови откако 29 годишен маж, заразен со Ковид 19 посетил неколку клубови.
Јужна Кореа има 11.190 потврдени и 266 смртни случаи.