Започна судењето на Доналд Трамп

Од:

Во Њујорк денеска почна судењето на поранешниот американски претседател Доналд Трамп за силување.

Писателот Е. Џин Керол го обвини во граѓанска тужба за силување во соблекувална на стоковна куќа во средината на 1990-тите.

Трамп ги нарече нејзините тврдења „лажни“ и „тотална измама“ во објавата од октомври 2022 година на неговата платформа „Вистина“. Тој додаде дека средбата со него ја измислила за да ги промовира своите мемоари во кои вели дека тој не е нејзин тип, пренесува Ројтерс.

Судењето се очекува да трае една до две недели. Неговите адвокати рекоа дека тој нема да сведочи, а адвокатите на Керол не планираат да го повикаат да сведочи.

Керол бара неодредена отштета, вклучително и компензација за голема болка и страдање, долгорочни психолошки ефекти и нарушување на нејзината приватност, изјавија нејзините адвокати.

Би можело да ве интересира

Трамп лансира сопствена валута: Цената порасна за 4.000 отсто

Инаугурацијата на Трамп: Огномет, имитатор на Елвис Присли и нешто невидено во последните 40 години

Предраг Петровиќ

Инаугурацијата на Доналд Трамп преместена во затворен простор поради студеното време

А1он

Има ли шанси Трамп и Путин да се сретнат во Белград?

А1он

Потврдено: Се подготвува средбата Путин-Трамп

Предраг Петровиќ

Бајден шокиран од Трамп: Страшно