Рускиот олигарх Олег Дерипаска, кој на почетокот на оваа година војната во Украина ја нарече лудило и предупреди на пеколна идеолошка мобилизација, се најде на удар на државата.
Рускиот суд сега нареди запленување на луксузен хотелски комплекс во сопственост на тајкунот, пишува ФТ.
Хотелскиот комплекс Имеретински и пристаништето во Сочи на Дерипаска, вреден 1 милијарда долари, беа запленети откако Кремљ, наводно, побарал Дерипаска да престане да ја критикува војната.
„Кремљ побара од него да се смири“, наводно рекол извор близок до милијардерот.