Западните сојузници договорија нови финансиски санкции против Русија

Од:

Западните сојузници вчера се согласија на нови финансиски санкции против Русија поради нејзината инвазија врз Украина, вклучително и преземање на клучната акција за исклучување на голем број руски банки од меѓубанкарскиот систем SWIFT.

„Тоа има за цел да ги отсече овие институции од меѓународните финансиски текови, што масовно ќе ги ограничи нивните глобални операции“, се вели во соопштението на портпаролот на германската влада.

Во соопштение Белата куќа соопшти дека, во соработка со Европската комисија, Франција, Германија, Италија, Велика Британија и Канада, САД го поддржуваат исклучувањето на „избрани руски банки“ од SWIFT, високата безбедносна мрежа која поврзува илјадници финансиски институции ширум светот и вети напори за „колективно да се осигура дека оваа војна е стратешки неуспех за Путин“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Дронот „Принц Вандал“ му нанесе штета на НАТО од 300 милиони долари

Горан Наумовски

Бајден воведува нови санкции кон Русија на самиот крај на неговиот мандат

Енергетски објекти во Русија денеска беа нападнати од Украина

Русија: Добро е што тимот на Трамп почна да зборува за реалноста на теренот во Украина

Русите имаат нов дрон, го нарекуваат „TРАМП“

Горан Наумовски

Песков: Постои само техничко ниво на комуникација меѓу Русија и Америка

Горан Наумовски