Законски измени за продажба на киселина во Индија со цел да се заштитат жените

Од:

Врховниот суд на Индија нареди промена на правилата за продажба на киселина, која се користи за чистење. Одлуката е мотивирана поради зачестените напади со киселина врз жените.

Со измните предвидено е киселината да се продава само ако купувачот приложи лична карта, како и тоа дека киселина не треба да се продава на малолетни лица.

Во Индија годишно се извршуваат од 100 до 150 напади со киселина врз жени. Причините за нападите се од неприфаќање на предлогот за брак или секс до караници меѓу сопрузите или пак сомневање за прељуба.

Индискиот Врховен суд одлучи и властите да исплаќаат компензација од 300.000 рупии (околу 5.000 американски долари) на жртвите на нападите со киселина, како помош за нивното лекување.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати