Захарова: НАТО се обидува да ја претвори Молдавија во центар за снабдување на Украина со оружје

Од:

Руското Министерство за надворешни работи денеска го обвини НАТО дека се обидува да ја претвори Молдавија во логистички центар за снабдување на украинската армија и дека се обидува да ја приближи својата воена инфраструктура до Русија.

Портпаролката на Министерството, Марија Захарова, на брифинг со новинарите изјави дека мнозинството од населението на Молдавија не сака таа земја да влезе во Алијансата, пренесува РИА.

Зборувајќи за ситуацијата во Придњестровје, Захарова укажа на тврдењата на руските разузнавачки служби, според кои претседателката на Молдавија, Маја Санду, се подготвува за војна.

„Додека нашите земји го слават Божиќ, Кремљ избира уништување – ја таргетира украинската енергетска инфраструктура и го нарушува молдавскиот воздушен простор со проектил – што се дејствија кои јасно го прекршуваат меѓународното право“, рече Санду.

Претседателката на Молдавија, исто така, рече дека нејзината земја ги осудува овие напади.

Би можело да ве интересира

Захарова: Пресудата на Ле Пен ја покажува агонијата на либералната демократија

А1он

Захарова: Ако странските сили дојдат во Украина, ќе одговориме со сите расположливи средства

Захарова: Зеленски ја турна Украина во позиција на целосна зависност

А1он

Захарова за Стармер: Ме потсетува на клептоман педофил кој сака да се вработи во детска градинка

А1он

Захарова: Зеленски одбива мир и е опседнат со продолжување на војната

А1он

Русија: НАТО мора да го повлече ветувањето за Украина од 2008 година