Захарова: Каја Калас повторно ја посрамоти Европската Унија

Од:

Шефицата на европската дипломатија, Каја Калас, повторно ја посрамоти Европската Унија, изјави денес портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, и ги отфрли тврдењата за 19 наводни руски напади врз други земји.

Според Захарова, тезата за наводните 19 руски напади можела да се слушне уште во ноември 2025 година, со проценка дека Калас „успеала да се вразуми“ во тоа време, пренесува Спутник.

„Но, не, глупоста не се лечи лесно. Сега повторно се споменуваат истите 19, само што сега Калас одлучи да ја додаде и Африка“, рече Захарова.

Портпаролката објави и список на напади од страна на Обединетото Кралство и земјите-членки на Европската Унија врз африканските земји во последните 100 години, наведувајќи дека нема ништо чудно во фактот што сегашните членки на ЕУ и Лондон фигурираат во најлошите случаи на агресија и интервенција.

Би можело да ве интересира

Калас: Трамп намерно го ослабнува НАТО

Калас: Mоже да заборавиме на заем од 90 милијарди евра за Украина

Захарова: Зеленски зема милијарди од ЕУ, а им се заканува на лидерите на земјите-членки

Калас вети во Киев дека ќе ја повика Русија на одговорност

Каја Калас ги осуди ограничувањата на верските слободи во Ерусалим

Захарова: НАТО е заинтересиран само за едно нешто – да ѝ нанесе стратешки пораз на Русија