Три лица загинаа, а 15 се ранети откако маж отвори оган врз толпа од околу 1.000 луѓе за време на прослава во американската сојузна држава Алабама во саботата по расправија.
Несреќата се случила во округот Болдвин. Канцеларијата на окружниот шериф соопшти дека прославата била мирна се додека не започнала расправија која довела до пукање, пренесува Си-Ен-Ен.
Полицијата не соопштува информации за повредени или напаѓач.