Петтнаесет жени од едно семејство загинаа , а 16 се повредени, некои од нив тешко, кога возило со 30-тина жени, падна од планински врв во северната провинција Хаџа во Јемен.
Жените оделе на свадба во друго село , кога нивното пренатпано возило паднало во провалија.
Поради лошите патишта, несреќите со трагичен исход се чести во оваа сиромашна земја .