Загина пилот откако се урна едрилица во Корушка

Од:

56-годишен пилот загина при пад на едрилица во општина Бистрица во Корушка, Австрија. Причината за несреќата засега не е позната.

Според засега познатите информации, мажот рано попладне полетал од аеродромот во Клагенфурт и преку Караванки влегол во словенечкиот воздушен простор.

На враќање, од засега непознати причини, авионот се урнал во реонот на северното подножје на планината Вајњеж веднаш зад границата, пишува 24ур.

Австриските контролори добиле итен повик од авионот околу 16.40 часот. По неколку неуспешни обиди да се контактира со пилотот, започна потрагата во која учествуваше полиција и спасувачки хеликоптер. Околу 20 часот во долината Рута во подножјето на Вајњеж е пронајдена урнатина на авион.

Би можело да ве интересира

Се урна руски воен авион Су-25

Се урна авион во близина на Белград, пилотот е извлечен од вода

Авион се урна во близина на американски аеродром, нема преживеани

Горан Наумовски

Косопственикот на Pirate Bay загина во авионска несреќа во Словенија

Авионска несреќа во САД: Има голем број луѓе повредени

Горан Наумовски

Авион кој полетал од Бања Лука се урна во Австрија