Вилијам Андерс, поранешен астронаут од Аполо 8, почина во петокот на 90-годишна возраст кога авионот со кој управувал паднал во водата кај островот Сан Хуан во државата Вашингтон.
Грег Андерс, синот на паднатиот астронаут, за агенцијата АП изјавил дека телото на неговиот татко е пронајдено.
– Семејството е уништено. Тато беше одличен пилот и многу ќе ни недостига – изјави Грег Андерс.
Постар модел Beech A45 удрил во водата и потонал во близина на северниот крај на островот Џонс. Сојузното здружение за авијација соопшти дека во авионот во моментот на несреќата бил само пилотот.
Националниот одбор за безбедност на транспортот и ФАА ја истражуваат несреќата.
Вилијам Андерс, пензиониран генерал-мајор, во 1968 година ја снимил култната фотографија „Earth Rising“, која ја прикажува планетата како засенчен син мермер.
Првата фотографија во боја на Земјата од вселената е една од најважните фотографии во модерната историја бидејќи го промени начинот на кој луѓето ја гледаат планетата. Фотографијата е заслужна за поттикнување на глобалното еколошко движење бидејќи покажа колку Земјата изгледала кревка и изолирана од вселената.