За трговија со дрога во Виетнам 11 осуденици добија смртна казна

Од:

Виетнамски суд осуди на смртна казна 11 луѓе, меѓу кои и двајца полицајци, поради трговија со дрога на границата со Лаос, објавија локалните медиуми.

По дводневното судење, судот во Ханој ги прогласи обвинетите за виновни за шверц на околу 140 килограми наркотици, вклучувајќи метамфетамин и таблети, во 2019 година, пренесе „ВНЕкспрес“.

Водачот на наркокартелот, 42-годишна жена, е осудена на доживотен затвор бидејќи моментно се грижи за бебе.

Виетнам во мај ја укина смртната казна за осум кривични дела, вклучувајќи активности против власта, шпионажа и примање мито, но трговијата со дрога сè уште подлежи на оваа казна.

Од 2013 година, погубувањата во земјата се извршуваат со смртоносна инјекција, наместо со стрелање.

Минатата година, Виетнам осуди над 150 лица на смрт, од кои над 80 отсто за дела поврзани со дрога.

Според годишниот извештај на „Амнести Интернешнл“, кон крајот на 2024 година, над 1.200 лица ја очекувале смртната казна.

Би можело да ве интересира

„Епски бес“ без излез: Дали САД влегуваат во нов Виетнам?

Европа е загрижена – Израел донесе закон за смртна казна

А1он

Помина 30 години во затвор – прва жена по 200 години ќе биде погубена во државата Тенеси

А1он

По 188 мртви на Филипините, тајфунот одзеде уште најмалку 5 животи во Виетнам

А1он

Најмалку девет лица загинаа во поплавите во Виетнам

Смртна казна за критикување на претседателот

А1он