За Порошенко падот на малезискиот авион е терористички акт

Од:

Украинскиот претседател Петро Порошенко смета дека терористички чин е причина за падот на малезискиот патнички аион на истокот на Украина, во кој, според последните податоци, погинале најмалку 300 лица.

„Порошенко мисли дека авионот е соборен. Да тоа не била несреќа, ниту катастрофа, туку терористички чин“, соопшти портпаролот на украинскиот претседател.

Во меѓувреме, украинското Министерство за надворешни работи соопшти дека при падот на авионот на компанијата „Малезија ерлајнс“, на истокот на Украина, погинале најмалку 300 лица, меѓу кои 23 и државјани на САД, пренесоа британските медиуми.

„Најмалку 300 недолжни лица се убиени… колку што знаеме, од тоа 23 се државјани на САД“, соопшти Зорјан Шкириак. Оваа авиокомпанија претходно соопшти дека во авионот се наоѓале 280 патници и 15 членови на екипажот.
Авионот бил соборен со проектил земја-воздух над Украина, во близина на границата со Русија.

Агенциите, повикувајќи се на различни извори, јавуваат дека никој не ја преживеал несреќата.

„Боингот 777“ летал од Амстердам за Куала Лумпур и бил соборен додека бил на височина од 10 километри.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми