За 24 часа биле нападнати дури 200 локации на Хамас

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека израелската армија ќе продолжи со операциите, и покрај погрешното убиство на тројца заложници од Израел, додека Хамас не биде уништен. Израелските одбранбени сили објавија дека само во саботата нападнале најмалку 200 локации на Хамас во Појасот Газа.

Тие наведоа дека огнено оружје, експлозивни направи и друга воена опрема биле пронајдени во неколку станови што ги користи Хамас во населбата Шеџаја во Газа. Исто така, пренесува „Тајмс оф Израел“, во таа област пронашле тунел од 15 метри, кој подоцна бил уништен во воздушен напад.

ИДФ од воздух нападна и складиште за оружје на Хамас во куќата на милитант. Нагласуваат и дека во зградата во близина на училиштето на Агенцијата на ОН за палестински бегалци, пронајдена е механизација за изработка на ракети, како и дека во околината на училиштето се пронајдени три тунели.

Четворица Палестинци загинаа во воздушни напади врз кампот Нур Шамс на Западниот Брег. Израелските медиуми јавуваат дека нападите биле извршени откако израелските војници кои дејствуваат во областа биле нападнати со експлозивни направи. Акцијата дојде откако ИДФ соопшти дека дејствува во Џенин и во соседниот бегалски камп во потрага по Палестинци осомничени за вмешаност во терористички активности.

Во текот на ноќта израелските одбранбени сили го бомбардираа и градот Деир ал Балах, при што загинаа неколку луѓе, а имаше извештаи за израелски воздушни и артилериски напади врз јужната општина Бани Сухаил источно од Кан Јунис. Медиумите јавуваат и дека Париз реагирал барајќи објаснување за смртта на француски функционер во Рафах. Француското Министерство за надворешни работи бара од израелските власти да ги разјаснат околностите за воздушниот напад врз станбена зграда во Рафаџ, во јужниот дел на Газа, во кој загинаа десетина цивили, меѓу кои и еден нејзин функционер. Според Ал Џезира, станува збор за маж кој починал од раните по воздушен напад.

„Бараме израелските власти што поскоро да ги расветлат околностите на овој бомбашки напад“, се додава во соопштението од Париз.

Во меѓувреме, Меѓународната федерација на новинари, Комитетот за заштита на новинарите и „Ал Џезира“ објавија заеднички список со имињата на 66 загинати новинари во конфликтот меѓу Израел и Хамас, од кои 59 се Палестинци. Меѓу загинатите има тројца либански и четворица израелски новинари.

Би можело да ве интересира

Во нападите на Израел низ Појасот Газа загинаа најмалку 96 лица

Горан Наумовски

Во израелски напад врз училиште во бегалски камп во Газа загинаа 10, а ранети се 20

Горан Наумовски

Хамас ги повика светските лидери да ја запрат израелската војна во Газа

ИДФ: Четворица војници загинаа во борбите во Појасот Газа

Горан Наумовски

Брутален напад на хуманитарната зона, има мртви и ранети

Олмерт: Израел го уништи воениот капацитет на Хамас