Вудворд – Коста: На Трамп во последните денови му биле одземени овластувања за нуклеарни и воени напади

Од:

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп бил тајно лишен од овластување да нареди нуклеарен напад или да почне воена акција во последните хаотични денови во Белата куќа, според книга од новинарите Боб Вудворд и Роберт Коста, која треба да биде наскоро објавена.

Двајца ветерани на „Вашингтон пост“ во книгата наведуваат нови драматични детали за избезумениот обид на Трамп да ги отповика резултатите од претседателските избори во 2020 година и да остане на власт.

Генералот Марк Мили, началник на Здружениот ГШ на САД, презел дотогаш невиден чекор со наредба кон други високи генерали да се консултираат со него пред да извршат какви било важни наредби, кои Трамп би можел да им ги даде, по нападот на Капитол Хил на 6 јануари. Си Ен Ен беше првиот што извести за постапките на Мили.

Невозможно е да се каже што може да направи. Знаете дека е луд. Тој е луд долго време, му рекла претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, на Мили во разговор на 8 јануари за менталната состојба на Трамп.

– Се согласувам со тебе за се, одговорил Мили, според транскриптот на повикот.

Кога Пелоси му се јавила на Мили на 8 јануари, тој и рекол дека презел чекори за да го спречи Трамп да започне конфликт, иако нема докази дека тоа што го планирал. Мили не го известил Трамп за новиот протокол според кој од генералите се бара да контактираат со него пред да применат претседателски наредби.

– Можам да ви гарантирам 110 проценти дека војската, употребата на воена моќ, без разлика дали е нуклеарна или напад врз странска земја од кој било вид, оти нема да направиме ништо нелегално или лудо, рекол тој. „Што мислите, нелегално или лудо?“, прашала Пелоси.

– Најдоброто што можам да го направам е да ви дадам збор, одговорил Мили. „Ќе спречам такво нешто во американската војска“.

Би можело да ве интересира

Аризона: 18 соработници на Трамп обвинети за обид за промена на изборните резултати

Трамп: Анти-израелските протести на универзитетите се срам за САД, виновен е Бајден

Њујорк: Избрани 12 поротници за судењето на Трамп

Судењето на Трамп продолжи, една поротничка се откажа: „Се чувствувам заплашено“

Шест поротници се избрани за судењето на Доналд Трамп

Започнува судењето на Трамп, првото судење на американски претседател во историјата