Поплавите во Романија денеска ја однесоа втората човечка жртва, откако надојдените реки се излеаја од своите корита и оштетија околу 2.200 куќи на југот на земјата.
Метеоролозите за денеска предвидоа обилни врнежи во јужните делови на земјата, кои се и најлошо погодени од поплавите.
Денешната втора жртва во поплавите е еден маж, пронајден неколку километри од својата куќа.
Поради поплавите евакуирани се 1.200 луѓе, а 2.200 куќи се оштетени, од кои 99 целосно.