Врховниот суд на САД закажа сослушување на аргументите на Трамп

Од:

Врховниот суд на САД закажа расправа за аргументот на Доналд Трамп за 25 април.

Трамп тврди дека претседателскиот имунитет го штити од гонење по обвиненијата поврзани со обиди да го поништи неговиот изборен пораз во 2020 година.

Судот го објави ажурираниот календар на седници една недела откако се согласи да го разгледа случајот и практично му стави „ветер во грб“ на поранешниот американски претседател со суспендирање на кривичната постапка.

Постапката ја иницираше специјалниот советник Џек Смит, кој беше назначен да го истражува и потенцијално да го гони Трамп во случај на сомневање за прекршок, бидејќи постапката вклучува конфликт на интереси за редовните судски органи, пренесува Ројтерс.

Врховниот суд претходно најави дека ќе ги разгледа тврдењата на Трамп, но не одреди точен датум за сослушувањето. Судиите на Врховниот суд, исто така, ќе ги разгледаат причините зошто понискиот суд го одби барањето на Трамп за имунитет од гонење за дејствијата насочени кон поништување на изборната победа на Џозеф Бајден.

Трамп, првиот поранешен американски претседател кој се соочи со кривична пријава, е подготвен да стане кандидат на Републиканската партија на следните претседателски избори во САД, на 5 ноември оваа година.

Би можело да ве интересира

Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“

Трамп ги коментираше сведоците за време на судењето, па беше казнет со 9.000 долари

Трамп: Нетанјаху сигурно знаел дека ќе има напад на 7 октомври

Аризона: 18 соработници на Трамп обвинети за обид за промена на изборните резултати

Трамп: Анти-израелските протести на универзитетите се срам за САД, виновен е Бајден

Њујорк: Избрани 12 поротници за судењето на Трамп