Врховниот суд на Индија: Осудените пратеници да си заминат од политиката

Од:

Врховниот суд на Индија одлучи пратениците, кои се осудени на најмалку две години затвор, конечно да се повлечат од политиката.

Осудените пратеници од локалните парламенти и двата дома на федералниот Парламент ќе треба итно да поднесат оставки, без да имаат право да се кандидираат на следните избори.

Индиското правосудство во моментов води истраги за 160 федерални пратеници од различни партии и за над 1.400 функционери во локалните органи на власта.

Обвиненијата се различни – киднапирања, силувања, корупција, покажуваат податоците на Асоцијацијата за демократски реформи.

– Тоа е важен напредок кон оздравувањето на политиката во Индија, изјави Анил Баируал, национален координатор на Асоцијацијата.

Би можело да ве интересира

Индија може да се подели на два дела

Индија: Автобус удри во пешаци, најмалку шест лица загинаа, 49 се повредени

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди Индија

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати