Врати ja пушката и ќе добиеш автомобил!

Од:

Во Либија, стотици луѓе го предадоа оружјето. Тие се одзваа на поканата на новото политичко водство, кое претходно најави дека ќе ги расформира и разоружа силите создадени за време на востанието против режимот на Гадафи.

Едно момче ја остава на маса муницијата која ја држеше во неговата рака. Офицер на новата либиска армија ги брои куршумите – 21 куршуми повеќе нема да бидат во оптек. Видот и количината на вратената муниција прецизно се регистрира и внесува во пописот.

На соседната маса еден човек го предава своето автоматско оружје. Војникот проверува дали пушката од типот АК 47 е наполнета. Поранешниот сопственик на оружје објаснува зошто се одлучил на овој чекор, “Сакам да бидам дел од оваа акција и затоа го предадов оружјето. Сакам нашата земја да биде побезбедна бидејќи сакам мир. Не сакаме оружјето и понатаму да биде во оптек, сакаме мирно да живееме. Помина, се ослободивме од тиранинот, значи не ни треба повеќе оружјето.”

Само мал дел од оружјето е вратен досега

Според проценките на меѓународните набљудувачи, во Либија се уште се во оптек околу 200 000 парчиња оружје. Мини, пиштоли, минофрлачи, муниција.

Повеќето е од ограбените магацини со оружје на соборениот владетел Моамер Гадафи. Само мал дел до сега е вратен на полицијата и армијата. Освен 800 парчиња лесно оружје, 200 гранати и 100 мини како и околу 20.000 куршуми, вратени се и шест ракети како и еден тенк. Ова е само почеток, бидејќи само на тој начин Либија може да стане побезбедна, вели еден човек кој дошол да го врати своето оружје:

„Доста ни е од пукотници кои ги има речиси секој ден. Тоа мора да заврши, секој треба да го врати оружјето“.

Портпарол на Либиската војска вели дека е позитивно изненаден и дека подготвеноста на населението да го врати оружјето оставило силен впечаток врз него. Акцијата за враќање на оружјето и муницијата ќе продолжи и во наредните денови под надзор на безбедносните сили. Кај населението беше добро примена, а една од причините е наградната игра поврзана со акцијата. Имено, кој ќе го предаде оружјето и муницијата автоматски учествува во награднат игра во која главна награда се два автомобила.

Би можело да ве интересира

132 лица загинаа во конфликтот меѓу режимските сили и џихадистите во Сирија

Горан Наумовски

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение