Враховната Рада ја разреши украинската омбудсманка Људмила Денисова

Од:

Украинската Врховна Рада (парламент) денеска гласаше за смена на украинската омбудсманка Људмила Денисова, пренесуваат украинските медиуми.

За нејзина смена гласаа 234 народни пратеници.

Пратеникот Јарослав Железњак во својот профил на Телеграм напиша дека денеска нема да се гласа за нов носител на оваа функција.

Самата Денисова изјави дека за нејзино разрешување се применети механизми кои се во спротивност со уставот на Украина.

Денисова е на оваа функција од 15 март 2018 година. Пред тоа таа била министерка за социјална политика во кабинетите на премиерите Јулија Тимошенко и Арсениј Јацењук.

Поранешниот народен детски правобранител, Николај Кулеба, на 27 април ја обвини Денисова дека на окупаторите им дала информации за тоа каде се кријат 58 деца во Херсон, за потоа окупаторите да ги однесат на Крим.

Истовремено денеска украинскиот пратеник Олександр Гончаренко на Телеграм објави дека Врховната Рада апелирала до УНЕСКО да и го одземе на Русија статусот земја членка.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Зеленски го претстави Планот за стабилност од 10 точки: Нема да се откажеме од правото на територија

А1он

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

Во нов руски напад на Украина загинаа двајца железничари

Медведев: Америка нема корист од мирот во Украина

Путин: НАТО влегува во војна со Русија

Горан Наумовски

Бајден одобри Русија да биде нападната од американски ракети

Горан Наумовски