Повеќе од 1.100 вработени-членови на синдикатот од „Њујорк тајмс“ денеска ќе прекинат со работа на еден ден, откако пропаднаа преговорите со издавачот на весникот за „целосен и фер договор“, соопшти синдикатот.
Напуштањето на редакцијата на еден ден е првпат вработените во Њујорк Тајмс да учествуваат во прекин на работа од доцните 1970-ти.
Тоа е дел од растечкото движење на работниците низ Соединетите Држави во кое се вклучени вработени од компании како Amazon, Starbucks и Apple кои се организираа во обид да се спротивстават на, како што велат, нефер работните практики.