ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Објавени снимки од масакрот во Дараја

Од:

Во петдневната офанзива на сириската армија во градот Дараја убиени се 320 луѓе чии тела се пронајдени во куќите и подземните скривалишта.

Бунтовниците тврдат дека во многу од жртвите е пукано од непосредна близина и на интернет имаат поставени видео снимка со десетици убиени кои се наредени на подот на џамијата Абу Сулејман ал-Дарани.

.Сириските активисти за човекови права трвдат дека повеќето од жртвите се убиени со гонено оружје од близина но во некои е пукано и со снајпер.

„Ова што го гледате е освета на Асадовите сили, повеќе од 150 тела на подот на оваа џамија“, се слуша глас на видео снимката од колежот во дараја. Со ова, бројот на убиени се искачи на 18.000 луѓе по проценка на ОН, а 25.000 по проценка на Сириската опсерваторија за човекови права. Повеќе од 200.000 луѓе се протерани од своите домови.

Би можело да ве интересира

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад