Во Алепо, Сирија, екипата на CNN го сними загинувањето на едно девојче, снимка која ќе влезе во историјата на военото известување, исто како фотографијата на голото виетнамско девојче кое бегаше пред напалм бомбите кои на нејзиното село ги фрлаа американците.
Четиригодишното девојче Рена, седејќи во скутот на мајка си била погодена од снајперски оган во лицето. Ранетото девојче било пренесено од екипата на CNN во болница под контрола на сириските бунтовници. Снимките од болницата се потресни, а најтажни се моментите кога девојчето моли за помош.
Не помогнало ни тоа што во недостаток на лекови девојчето од докторите било пренесено преку борбените линии во болница под контрола на сириската војска.
Девојчето им подлегна на раните, а нејзиното тело дома го пренеле роднините.