Вооружени престрелки во близина на палатата на претседателот на Гамбија

Од:

Вооружени престрелки се регистрирани во близина на претседателската палата во Банџул, главниот град на западноафриканаката земја Гамбија.

Според дипломатски и воени извори во Банџул, припадниците на претседателската гарда се обидуваат да изведат воен удар,но дека нивниот обид предизвикал силна вооружена реакција на приврзениците на претседателот.

Пукотници од разни видови оружје се слушаат од делот на градот каде е лоцирана претседателската палата, но засега нема прецизни информации што се случува.

Претседателот на Гамбија, Јахиа Џамех престојува во странство. Дел од странските набљудувачи велат дека Џамех престојува во Франција, додека други веруваат дека претседателот се наоѓа во Дубаи.

Јахиа Џамех е претседател на оваа земја веќе 20 години, од 1994 година,кога со воен удар ја собори претходната власт. Неговото владеење со Гамбија се оценува како „убедливо најбруталниот режим„ во Африка.

Во 2011 година,во еден разговор за Би-би-си, претседателот Џамех изјави дека има намера да управува со земјата „уште милијарда години“.

Гамбија е мала држава во Западна Африка, а нејзините убави песочни плажи на брегот од Атланскиот Океан, предизвикаа таа последниве десетина години, да се претвори во посетувана туристичка дестинација.

Би можело да ве интересира

Гамбија: Индиски производител на лекови одговорен за смртта на најмалку 70 деца од акутна болест на бубрезите

А1он

Претседателот на Гамбија во самоизолација, а потпретседателот позитивен на Ковид-19

Ана Ололовска

Гамбија ја обвини Мјанмар за геноцид врз Рохинџите пред судот на ОН во Хаг

Ана Ололовска

Почина првиот демократски избран претседател на Гамбија

Ана Ололовска

Поранешниот претседател на Гамбија украл 50 милиони државни пари

Ана Ололовска

Поранешниот лидер на Гамбија замина во егзил со 11,4 милиони долари и луксузни возила

Ана Ололовска