Вооружени лица денеска го зазедоа Центарот за оперативно реагирање на полицијата во Доњецк, се наведува во соопштението на центарот.
– Околу 20-тина неидентификувани лица во маскирни униформи, со маски на лицата и со автоматски пушки упаднаа и ја зазедоа зградата, сместена на „Ленински проспект“, се додава во соопштението.
ИТАР-ТАСС јави дека се уште се утврдуваат околностите под кои дојде до упадот и заземањето на полициската зграда.