Вооружен напад врз семејство на руско-украинската граница

Од:

Непознати вооружени напаѓачи убија брачна двојка и ја ранија нивната ќерка во селото Новоборовици, во регионот Луганск.

Инцидентот се случи во близина на контролниот пункт на граница меѓу Русија и Украина.

Украинската полиција пронашла два автомобила на автопатот во близина на селото Новоборовици 10 до 15 километри од граничниот премин Должански. Телото на мажот било пронајдено кај едниот автомобил, а телото на жената кај другиот.

– Нивната ќерка, родена 2004 година префрлена е во болница со повреди на мозокот, се наведува во полициското соопштение.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми