Вонредна состојба во Франција поради екстремна топлина

Од:

Француската влада за првпат ќе го активира планот за вонредни состојби ORSEC како одговор на екстремната топлина!

Овие мерки ќе бидат спроведени во сите департмани за кои е на сила највисокото, црвено ниво на предупредување поради топлотниот бран, објави портпаролката на владата Мод Брежеон.

„Денес ќе го активираме планот ORSEC за екстремна топлина во сите департмани со црвено ниво на предупредување. Ќе отвориме центри за ладење за да се грижиме за најранливите групи“, изјави Брежеон за телевизијата TF1.

Планот, кој беше презентиран на 2 јули, е дизајниран да организира координиран одговор на сите јавни служби за време на периоди на екстремна топлина.

Новиот механизам за цивилна заштита предвидува мобилизација на дополнителни ресурси за време на екстремно високи температури, а вклучува и мерки за пронаоѓање и помош на луѓе кои живеат сами и изолирани.

Според најновиот извештај од метеоролошката служба Метео-Франс, од денес напладне, девет департмани на западот од земјата ќе бидат под црвена тревога.

Портокалово предупредување е во сила за уште 72 департмани.

Според „Метео-Франс“, се очекува топлотниот бран што ја погоди Франција на 4 јули да трае најмалку до вторник, а ново зголемување на температурите се очекува за недела.

Продолжените високи температури, исто така, придонесоа за појава на шумски пожари.

Во првата недела од јули изгореа речиси 10.000 хектари шума, што е речиси три пати повеќе отколку во истиот период минатата година.

Поради високиот ризик од шумски пожари, властите откажаа и неколку огномети планирани за прославата на Денот на Бастилја.

Би можело да ве интересира

„Црвена тревога“ во девет департмани во Франција

Француските фудбалери се првите полуфиналисти на Светското првенство

Рекордна топлина во Франција: Возовите се откажани, а алкохолот е забранет

Кокаинот ја преплави Франција: Рекорден број интервенции и хоспитализации

Смртта на 11-годишната Лијан предизвика гнев во Франција

Макрон нацрта нуклеарна мета врз Норвешка