Откако германскиот автомобилски гигант „Volkswagen“ се одлучи на пазарот да му понуди уште еден свој производ – колбаси, кои се произведуваат во фабрика за автомобили а може да се купат во малопродажба, во изминатата 2014 година се продени повеќе отколку автомобилите на оваа популарна марка, објавија во саботата германските медиуми.
Традиционалната фабрика за автомобили на „Volkswagen“ во Волфсбург во текот на 2014 година произвела многу повеќе колбаси отколку автомобили. Компанијата произвела 7,8 милиони колбаси, 10 отсто повеќе отколку една година претходно, истакнуваат медиумите.
Најбараниот колбас со препознатливиот логотип на „Volkswagen“ е „кари“ со продадени 6,3 милиони парчиња. За споредба, концернот во 2014 година на пазарите испорачал 6,12 милиони автомобили.
Секој колбас го носи знакот „Фолцваген оригинален дел“, а за успехот на колбасите на пазарот заслужни се 30 работници. Колбасите, освен во фабричката кантина, се продаваа и во многу продавници, според медиумите.