Војската го гранатираше јужен Дамаск

Од:

Сириската војска го гранатираше јужниот дел на Дамаск, неколку часа откако командантот на војската прифати примирје предложено од Лахдар Брахими.

На мета на гранатирањето е Хаџар ал-Асвад, сиромашниот дел на Дамаск, каде што живеат бегалците од Голанската висорамнина, пренесува Ројтерс.

Во меѓувреме, бунтовничките сили остварија напредок во жестоките борби за Алеп, вториот по големина сириски град, на северот на земјата.

Бунтовниците тврдат дека го држат под контрола пола Алеп.

Двете страни со недели се борат за овој град. Сириската војска користи хеликоптери и бомбардери за напад врз бунтовничките позиции. Бунтовниците пак, без авиони во својот арсенал, возвраќаат со пушки и митралези, наведува АП.

Организацијата Сириска мрежа за човекови права, со седиште во Лондон објави дека во текот на минатиот ден, ширум Сирија загинале 58 луѓе, меѓу кои и две деца.

Би можело да ве интересира

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад