Војната ги раздели, а интернетот ги спои по 70 години

Од:

Дека љубовта не познава граници докажаа и двајца Италијанци во поодминати години.

Имено, Антонија и Џовани се вљубиле како тинејџери, но ги разделил виорот на Втората светска војна. Сепак, како што понекогаш се случува, вистинската љубов на крајот го наоѓа својот пат.

Седум децении подоцна, двајцата вљубени, кои денес длабоко чекорат во деветтата деценија од животот, повторно ги спои Интернет, пишува римскиот весник „Република“.

Во минатиот век, Џовани морал да замине на фронтот и ја напуштил неговата сакана Антонија. Потоа бил заробен, а кога конечно се нашоч на слобода не можел никако да ја најде неговата љубена. Мислејќи дека нејзиниот Џовани заминал засекогаш, Антонија се омажила за друг, со кого има две деца. Џовани по некое време, исто така, основал семејство.

Но, Антонија Готифреди и Џовани Молинари кои денеска имаат 89, односно 86 години, успеале да се пронајдат благодарение на Фејсбук. Двајцата вдовци посегнале по модерната техноогија за да најдат сродни души, незаборавајќи ја љубовта од младоста.

Антонија вели дека Џовани останал романтичен како што бил во младоста. – Ми подари многу рози и ме покани во ресторан, наведе таа.

Двојката конечно го кажаа судбоносното „да“ на свадба која изминатиов викенд се оддржа во Белано во северниот дел на Италија.

Би можело да ве интересира

Совети за справување со личниот гнев во љубовната врска

Ана Ололовска

Французите ретко велат „те сакам“ – го покажуваат тоа на дело

Ана Ололовска

„Тиндер“: Сè повеќе луѓе имаат „помали очекувања“ во врската

Ана Ололовска

Љубовни совети од 19. век

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Љубов под карантин: Англичанец, користејќи робот, ја запроси девојката

Ана Ололовска

ВИДЕО: Ја запроси својата девојка на урнатините во Петриња

Ана Ололовска