Војна во Дамаск

Од:

Горат неколку воени згради во близина на претседателската палата во Дамаск. Бунтовниците најавуваат одлучувачка битка за престолнината на Сирија. Западните земји сакаат нова резолуција бидејќи ситуацијата во земјата „допрела до критична точка“, но Русија не попушта.

Сириската власт негира дека во тек е општа офанзива на опозицијата, која уште пред неколку дена најави конечна битка за престолнината.

Во меѓувреме, официјални лица на Обединетите нации се обидуваат со Кина и Русија да договорат поостри мерки кон Сирија пред денешното гласање во Советот за безбедност за наметнување на санкции.

Претставникот Кофи Анан во Москва се обиде да го придобие претседателот Владимир Путин, а генералниот секретар на Обединетите нации Бан Кимун преговараше со Пекинг да не ја блокираат резолуцијата со која како последна мерка се дозволува воена акција.

Постојат два нацрт планови. Спрема рускиот, предвидено е да се продолжи мандатот на посматрачката мисија во Сирија и после 21 јули на уште три месеци.

Путин кажа дека „ќе направи се“ да ги поддржи напорите на Кофи Анан за крај на судирите во Сирија, меѓутоа Русија се противи на заканите кон Сирија со воена сила.

Британскиот нацрт план предвидува ограничување на мисијата на 45 дена и давање рок од 10 дена во кој владата на Сирија треба да го запре насилството и да ја повлече војската од населените места. Во спротивно, против Дамаск ќе бидат воведени санкции.

 

Би можело да ве интересира

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка