Воена парада во Москва

Од:

По повод Денот на победа над фашизмот, по улиците на руската престолнина, маршираа околу 14.000 луѓе и над 100 воени возила.

Традиционалната воена парада помина низ главните улици на Москва, а потоа се построи на Црвениот плоштад каде што надлетуваа хеликоптери на военото воздухопловство.

На свеченоста присуствуваа и рускиот претседател Владимир Путин и премирот Дмитриј Медведев.

„Пред 67 години е уништен нацизмот-таа страшна и бессрамна сила и немаме право да заборавиме како се роди, се јакнеше и настана ѓаволот, додека целиот свет набљудуваше“, рече Путин во говорот.

Путин истакна дека Русија мора да продолжи да ја води политиката на јакнење на безбедноста во светот.

„Имаме големо морално право, со сета сила да ги браниме нашите ставови“, додаде Путин.

Би можело да ве интересира

Баербок: Преговорите меѓу Русија и САД се во ќорсокак

Ритер: САД ќе се согласат со повеќето услови на Русија за решавање на конфликтот во Украина

Киев: Русите регрутираат млади државјани на Украина за терористички и диверзантски активности

Русија: Не може да го прифатиме сегашниот мировен договор на претседателот Трамп

Руските специјалци убија напаѓач кој пукаше од покривот на зграда во Мурманск

Русија тврди дека ноќеска уништила 66 украински беспилотни летала

Горан Наумовски