Поголемиот број демонстранти го напуштиja плоштадот Таксим, но не се откажаа од протестот, туку едноставно се преместија во други делови на градот.
На транспарентите кои ги носат со себе, јасно се гледа дека ова не е протест само за паркот, туку ова прераснува во нешто повеќе.
„Не станува збор за еден парк. Станува збор за злоупотреба на државната моќ. Станува збор за цензура на медиумите. Станува збор за ДЕМОКРАТИЈА“, пишува на еден транспарент.