Во заседа кај Доњецк убиени 12 припадници на „Десниот сектор“

Од:

Дванаесет украински доброволци кои се бореле против проруските сепаратисти во источна Украина, се убиени рано утринава, а засега непознат број се заробени, откако нивниот автобус паднал во заседа на сепаратистичките сили, соопшти портпаролот на екстремно десничарската организација „Десен сектор“.

– Сепаратистите отворија оган врз автобусот, што борците од „Десен сектор“ ги превезуваше на борбената линија кај селото Мандрикино, на пристапите кон бунтовничкото упориште Доњецк, изјави портпаролот на „Десен сектор“, чии припадници се борат на страната на украинските вооружени сили.

Според него, ова е нивна најголема поединечна загуба од почетокот на воените дејствија во источна Украина во текот на април годинава.

– Ќе се одмаздиме за нашите другари, се закани порпаролот на „Десен сектор“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми