Во вежбална во Флорида 14 заразени со легионерска болест

Од:

Најмалку 14 случаи на легионерска болест се пријавени во централна Флорида, а Министерството за здравство на државата соопшти дека епидемијата е потенцијално поврзана со вежбална, објави ABC.

Во писмото до државниот сенатор Карлос Гилермо Смит не се споменува вежбалната, но медиумите објавија дека членовите на центарот „Кранч фитнес“ во Окои, во близина на Орландо, пријавиле случаи на заболување.

Вежбалната соопшти дека соработува со здравствените власти, дека затворила делови од објектот и дека ги тестира базените и спа системите „како мерка на претпазливост“.

Легионерската болест е сериозна форма на пневмонија предизвикана од бактеријата Legionella, која се шири со вдишување на мали капки контаминирана вода или пареа.

Бактериите се наоѓаат природно во свежата вода, но најмногу се размножуваат во топла вода.

Болеста не се пренесува од човек на човек.

Според Центрите за контрола и превенција на болести, бројот на случаи на легионерска болест во САД се зголеми во последните децении, со врв од 2,71 случаи на 100.000 жители во 2018 година.

Повеќето пациенти се опоравуваат со антибиотици, но луѓето со слаб имунитет или хронични белодробни заболувања можат да развијат сериозни компликации, а околу 10 проценти од заболените умираат.

Според извештаите од здравствените институции, стапката на смртност е околу 25 проценти.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Сакаше фотка за спомен со ајкулата, но брзо потоа зажали

А1он

(ВИДЕО) Судир на брод и ферибот во Флорида: Едно лице загина, неколку се повредени

Горан Наумовски

ВИДЕО: Син на полицајка со пиштолот на мајка му уби двајца на Флорида

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пукање во универзитетски кампус во Флорида, има неколкумина повредени

А1он