Вкупниот број потврдени случаи на заразени со коронавирусот во Украина надмина 900.000, соопшти денеска министерот за здравство Максим Степанов. Тој наведе дека во последните 24 часа се регистрирани 6.451 нов случај на заразени и дека 93 лица починале како резултат на инфекцијата.
Украинската Влада минатата недела објави дека ќе воведе строги мерки со затворање во јануари, со цел да се запре ширењето на Ковид-19. Мерките ќе вклучуваат затворање на училишта, кафулиња, ресторани, спортски сали и ќе бидат во сила од 8 до 24 јануари.
Владата воведе ограничувања на движењето за време на викендите минатиот месец и ги затвори или ограничи повеќето деловни активности, со исклучок на продавници за храна, аптеките, болниците и превозот. Тие ограничувања беа укинати на 2 декември.