Во Украина има над 110 илјади внатрешно раселени лица

Од:

Бројот на внатрешно раселени лица во Украина е 117.000 луѓе, а 168.700 преминале во Русија. Тоа се податоци од УНХЦР објавени денеска во Женева.

Осумдесет и седум отсто од оние кои ги напуштиле домовите, а не ја преминале државната граница, се од Лугањската и Доњецката област.

Во почетокот на јуни тие лица во источна Украина беа 2.600. Во август се веќе 102.600 луѓе. Според ОН само во изминатата недела домови напуштиле 6.200 луѓе од источните региони.

Повеќе од 2.700 Украинци побарале меѓународна заштита во европски држави, информираше УНХЦР.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми