Во Украина граната предизвика прекин на струја, рудари останаа под земја

Од:

Речиси 500 рудари од најголемиот рудник за јаглен на истокот на Украина, останаа денеска заробени под земја откако рударската јама остана без електрична енергија, кога граната ја погоди потстаницата.

До несреќата дошло во рудникот за јаглен Засјадко во регионот Доњецк кој е под контрола на проруските сили.

Неименуван претставник на министерството за одбрана на сампрогласенат Доњецка народна република (ДНР), потврди дека 110 рудари се извадени од под земја, во првите минути, по прекинот на струја.

Стотици и натаму останале заробени под земја во рудникот во регионот на Доњецк, по минофрлачкото гранатирање. Никој од рударите не е повреден.

Би можело да ве интересира

Руте: Украина ќе биде членка на НАТО

Руте: Украина мора да биде способна да ги започне преговорите со Русија од позиција на сила

Горан Наумовски

Зеленски го претстави победничкиот план, има пет точки

Серија воздушни напади врз Киев

Тарнер: Украина има право да пука во цели во Русија

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина