Во Украина битка за иднината

Од:

Украина утре гласа за новиот состав на Верховната Рада. Истражувањата покажуваат дека најверојато новиот украински парламент ќе биде составен од 4 до 8 политички партии.

Во битката за пратеничко столче влегуваат 29 партиски листи за пропорционален модел и 3.495 кандидати според мнозинскиот систем. Најголеми шанси за победа има блокот на претседателот Петро Порошенко, но неизвесно е дали ќе добие доволно гласови самостојно да формира Влада. Според последните анкети тој води со 30 проценти.

Порошенко е убеден дека Украина ќе избере украински и проевропски Парламент.
САД побараа сите Украинци, вклучувајќи ги и оние во регионите што се под контрола на бунтовниците на истокот на Украина и во анексираниот Крим, да гласаат на претстојните парламентарни избори.

САД најавија остра реакција на секакво мешање во украинските парламентарни избори што ќе се одржат в недела. Русија, пак, објави дека ќе ги признае резултатите.

Проруските сепаратисти во регионите на Доњецк и Луганск најавија дека ќе одржат одвоени избори во идниот месец.

Изборите за парламентот, или Врховната Рада, ќе се одржат во време на продолжување на борбите во источниот дел на земјата меѓу владините сили и проруските сепаратисти. Само неколку фотографии на загинатите борци и цвеќиња во центарот на Киев потсетуваат на драматичните настани од пред нецела година и на 3.600-те загинати.

Барикадите и логорите веќе одамна ги нема. Кампањата, освен помали нерегуларности мина главно мирно.

image-ac0ed1b7c097e15a3576b8927499fe6dcc3aca83a0cd05a7986aac2e3d745932-V

Новинарите, за разлика од последните парламентарни избори имаа повеќе простор и слобода за фер и непристрасно известување, иако имаше и навивачки информации.
Изборниот процес ќе биде мониториран од регистрирано 2321 меѓународни набљудувачи.

image-260ca8ff5fb22a8038a135efbacd6d6903784edaeac9b43035fe1a5c713e0fe3-V

ЕНЕМО има распоредено 156 краткорочни и 50 долгорочни набљудувачи, од кои 9 краткорочни и 4 долгорочни се од Граѓанската асоцијација МОСТ.

image-4ff39772344eca9e227d3dab5f1796e5e04b729aa16a5590ff147a705a4af8c4-V

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми