Во Тајван во пожар во болница најмалку 12 загинати, 60 повредени

Од:

Најмалку 12 пациенти и членови на персонал загинаа, а 60 се повредени во пожар во болница во јужен Тајван, јави тајванската телевизија.

Огнот почнал да се шири во раните утрински часови, најверојатно во магацин на вториот кат на петкатната државна болница Синиинг во Тајнан сити на југот на земјата.

Причина за смртта на загинатите е вдишување чад, а повредените се префрлени во неколку други болници на лекување.

Во текот на пожарот евакуирани се над сто претежно постари пациенти од геријатрија и на тв снимката можело да се види дека изгорел целиот втор кат од болницата, а пациентите на кревети и инвалидски колички на тревникот пред болницата.

Тоа е најголем пожар во последните неколку години во Тајван, а причините за пожарот во болницата се истражуваат, соопшти тајванското Министерство за здравство.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди Тајван

Тајван: Ако Кина сака наша територија, треба да побара и земја од Русија

Кина воведе санкции за шест американски компании за продажба на оружје на Тајван

Кина воено ја тестира својата способност да го окупира Тајван

Кина започна воени вежби во околината на Тајван

Горан Наумовски

Новиот претседател на Тајван и порача на Кина: Престанете да ни се заканувате