Во Тајланд запленети околу милион таблети анфетамини

Од:

Тајландските власти соопштија дека заплениле 980.000 таблети амфетамини, во вредност од шест милиони долари.
Таблетите, кои кај уживателите создаваат еуфорична состојба, биле пронајдени при проверка на камион на „Златниот триаголник“ на дрогата, соопшти полицијата.

Една таблета на црниот пазар се продава за 200 тајландски бахти (шест долари).

„Златниот триаголник“, кој го опфаќа северот на Тајланд, дел од Мјанмар и Лаос, долго време е место на производство и трговија со дрога, вклучувајќи опиум, а се повеќе и на амфетамини.
Според податоците на службите на ОН за дрога, во тој регион годишно се произведуваат 1,4 милијарди амфетамини, чија вредност на црниот пазар изнесува 8,5 милијарди долари.

Би можело да ве интересира

Ја тепал сопругата и ја терал на проституција, му плаќале со пари и со дрога

А1он

(ВИДЕО) МВР: Откриена е дрога сокриена во камион на преминот „Богородица“

Горан Наумовски

Во Србија запленета голема количина на дрога

(ВИДЕО) Килограм марихуана е пронајдена во стан во скопски Карпош

Во камион на „Богородица“ откриена е голема количина на дрога

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда