Во судирите во Украина загинаа близу 2.600 лица

Од:

Во судирите во источниот дел на Украина, од средината на април до 27 август загинале 2.593 лица, а приближно 6.000 се ранети, соопшти денеска Канцеларијата на Високиот комесар на ОН за човекови права, во најновиот извештај на набљудувачката мисија во Украина.

„Фактички, бројот на жртвите во насилствата и судирите на истокот на Украина најверојатно е многу поголем“, се наведува во извештајот на 32 страници.

Вкупно за четири месеци во Доњецката област повредени се 5.956 лица, вклучувајќи и најмалку 38 деца, пренесува ИТАР-ТАСС.

Оваа агенција наведува дека причина за недоволно прецизните податоци е отсуството на безбедност поради што голем дел од луѓето воопшто и не се јавуваат во болница за помош, а бидејќи јавните претпријатија не работат, или работат со тешкотии, голем број луѓе своите блиски сами ги погребуваат, при тоа не информирајќи ги властите.

– Моменталниот број е 2.593 – што е близу 3.000 доколку ги вклучиме и 298 жртви од авионската несреќа МХ17, соопшти помошникот генерален секретар на ОН за човекови права Иван Шимонович.

Според него, трендот е јасно алармантен и постои значително зголемување на бројот на жртвите на истокот.

Во извештајот уште се наведува дека од 16 јули до 17 август, секојдневно, во жестоките борби со употреба на тешко вооружување, од обете страни гинеле по 36 лица.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми