Заменичката државен секретар Ведни Шерман денеска во Вашингтон се сретна со министерот за надворешни работи на Естонија, Џонатан Всевиов.
– Тие разговараа за напорите да се обезбеди помош за Украина и да се зголеми цената што руската власт ја плаќа за планираната, незаконска и непровоцирана војна на Путин против Украина, изјави портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс.
Тие исто така ја истакна цврстината на билатералното партнерство и разгледале можности за продлабочување на соработката.
– Заменичката ја истакна заложбата на САД за безбедност на нашите сојузници од НАТО. Таа ја истакна поддршката што САД ја даваат за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина и го повика Путин да ја запре војната, се наведува во соопштението.
Извор: МИА