Во центарот на украинскиот град Славјанск денеска од автоматско оружје тешко е повредено 12-годишно дете, јавија руски медиуми.
Роднина на детето изјави дека тоа е повредено во градите и во рамото и во моментот е на операција.
Според дел од очевидците, детето се шетало, а на градите имало „георгиевска лента“, симбол на победата на Русија во Втората светска војна.