Во Сирија продолжуваат борбите и бомбардирањето

Од:

Жестоките судири од рано изутрината продолжуваат во Салдехин. Бомбардирање и директни судири  помеѓу владините и востаничките сили се одвиваат и во уште неколку други градови на Сирија во кои погинати се најмалку 12 луѓе.

„Убиено е едногодишно дете, а неговиот брат и мајка се ранети во близина на локалитетот Маскана во покраината Алеп, каде од четвртокот се одвиваат борби со до сега незабележан интензитет„ – јавуваат невладините организации за заштита на човекови права.

Владината војска и востаничките сили се борат веќе два месеци за превласт над втoриот по големина град во Сирија, а интензитетот на борбите се засили во четвртокот приквечер откако востаниците објавија дека тргнуваат во одлучувачки битки за запоседнување на градот.

 

Би можело да ве интересира

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад