Во Сирија, по земјотресот, од затвор побегнаа 20-ина осомничени џихадисти

Од:

Повеќе од 20 осомничени џихадисти на Исламската држава побегнале од затвор за време на бунтот по земјотресот што го погоди регионот, соопштија денеска извори блиски до затворот.

„По земјотресот што се почувствува во затворот, затворениците започнаа бунт и презедоа контрола врз делови од затворот“, велат истите извори, додавајќи дека околу 20 лица, осомничени дека припаѓаат на Исламската држава, избегале.

Во воениот затвор Раџо, во близина на турската граница во северозападна Сирија, има околу 2.000 затвореници, од кои околу 1.300 осомничени дека се бореле за Исламската држава, велат истите извори, додавајќи дека во затворот има и курдски борци.

Би можело да ве интересира

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Германија објави план за враќање на бегалците од Сирија

Ал Шара: Изборите во Сирија би можеле да се одржат најмногу за четири години

Турција: Целта е да се постигне договор за поморските граници со Сирија