Најблиските соработници на кандидатот на Републиканската партија на денешните избори во САД, Доналд Трамп, сметаат дека исходот од изборите ќе го одреди излезноста, пренесува Си-Ен-Ен.
„Тоа е она на што навистина се сведува и единственото нешто на што сме фокусирани во моментов“, изјави неименуван висок советник на Трамп за Си-Ен-Ен.
Тој додаде дека во рамките на кампањата на Трамп се смета дека ова е „најсилниот циклус што Трамп го има спроведено досега“, особено кога се гледаат истражувањата на јавното мислење од 2016 и 2020 година.