Во Шпанија запленети рекордни 32 тоа марихуана

Од:

Шпанската полиција соопшти дека запленила 32 тони марихуана со улична вредност од 64 милиони евра, што е рекордна сума досега во Шпанија и во светот. Полицијата изврши рација на голем број фарми и објекти низ Шпанија во операцијата наречена Градини. Уапсени се девет мажи и 11 жени на возраст од 20 до 59 години.

„Цивилната гарда ја заплени најголемата понуда на пакувана марихуана досега“, соопштија безбедносните сили. „Тоа е еквивалент на приближно 1,1 милион растенија“. Полицијата соопшти дека групата ја сушела марихуаната, ја пакувала и ја испраќала во делови од Шпанија, Швајцарија, Холандија, Германија и Белгија. Членовите на бандата минатиот месец беа уапсени во Толедо, Сиудад Реал, Валенсија и Астурија, но јавноста за деталите од операцијата беше информирана дури во саботата.

Би можело да ве интересира

Се повлекуваат банкноти од 50 евра

Седум повредени во пожарот во дискотеката во Кочани се транспортирани за Шпанија

Седум лица повредени во пожарот во Кочани се транспортираат во Шпанија

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја